Галерија

Пелагонија АД Гостивар започна со реализација на уште еден во низата успешни проекти, изградба на нова станбена зграда во с.Бањица, Гостивар.
На вкупна површина од 5500 м2, зградата ќе има пет ката, приземје и поткровје. За изградба ќе се користат висококвалитетни и современи материјали, а во становите е предвидено да се вгради инверторски мултисплит систем како решение за греење и ладење.
Покрај станбените единици објектот ќе располага и со неколку деловни простории.

 

Погледот кон градот од Првата приватна болница во Гостивар, која наскоро ќе биде целосно завршена.

 

Реконструкција на улица во с.Сиричино во Општина Јегуновце, Тетовско. Од улицата се отстрани постоечкиот асфалт и се нанесе нов асфалт.

 

Извршена е реконструкција на улица во с.Градец, Општина Врапчиште во Гостивар.
Отстранет е стариот асфалт, извршено е тампонирање и е нанесен нов BNHS 16 асфалт.

 

 

Тимот на Пелагонија АД Гостивар деновиве врши реконструкција и асфалтирање на улица “Втора Македонска Бригада” во Општина Чаир.

 

Во тек е изградба на нова улица во Гостивар. Тимот на Пелагонија АД Гостивар нанесе прв и втор слој на асфалт.

 

Ни претставува особено задоволство да Ви најавиме дека започнавме со реализација на уште еден во низата успешни проекти, изградба на нова станбена зграда во с.Бањица, Гостивар.
На вкупна површина од 5500 м2, зградата ќе има пет ката, приземје и поткровје. Покрај станбените простории, објектот ќе располага и со неколку деловни простории.

 

 

Тимот на Пелагонија АД Гостивар неуморно работи на изградба на првата приватна болница во Гостивар.
Во тек е поставување на фасадата, а се очекува да биде целосно завршена кон крајот на годината.
Овој нов и модерен здравствен центар ќе располага со специјалистички ординации, амбуланти и лаборатории, а ќе биде еден од технолошки најсофистицираните кај нас.

 

 

Во тек е асфалтирањето на новоизградениот булевар Христијан Тодоровски – Карпош, во општина Бутел. Новиот дел од булеварот се гради на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ во должина од 1.000 метри. Ова е првиот новопроектиран булевар којшто се реализира на територијата на Скопје по подолг период, додека преостанатите беа проширување на постојните улици. Новиот булевар ќе биде со вкупна ширина од 40 метри, ќе има 6 сообраќајни ленти од по 3,5 метри, а ќе има и велосипедски патеки од двете страни на булеварот со ширина од 2,5 метри. По должината на булеварот ќе има пешачки патеки од двете страни со променлива ширина, како и средишно зеленило. На новиот булевар ќе биде поставено и ново улично осветлување, односно ќе се постават 76 столба во висина од 10 метри, а ќе биде поставена и нова хоризонтална и вертикална сигнализација. Продолжувањето на оваа сообраќајница ќе им овозможи на граѓаните од населбите Радишани и Бутел уште една сообраќајна врска со центарот на градот.

 

 

Во тек е изградба на првата приватна болница во Гостивар. Активно се работи на нејзина реализација, а се очекува да биде целосно завршена кон крајот на годината. Овој нов и модерен здравствен центар ќе располага со специјалистички ординации, амбуланти и лаборатории, а ќе биде еден од технолошки најсофистицираните кај нас.

 

 

Деновиве заврши реализацијата на првата фаза од проектот за реконструкција на ул. Васко Карангелевски во Аеродром. Во оваа фаза целосно е реконструиран коловозот на потегот од раскрсницата со булеварот „Јане Сандански“ до раскрсницата со булеварот „АСНОМ“. На должина од 600 метри беше изгребен стариот и оштетен асфалт, беше вградена полимерна мрежа за засилување на носечкиот слој и беше нанесен нов асфалт. Со реализација на овој проект се зголемува проточноста и значително се подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.