Дом за стари лица

Домот за стари во Гостивар полека го добива својот лик. Активно се работи на негова реализација, а се очекува да биде целосно завршен кон средината на 2020 година. Станува збор за нов модерен дом за стари лица кој ќе располага со сите потребни услуги, а ќе биде еден од технолошки најсофистицираните кај нас. Во градот Гостивар направени се повеќе инвестиции, но оваа инвестиција е посебна, бидејќи за првпат во Гостивар и пошироко во регионот се гради дом за стари лица, кој ќе им служи на граѓаните на целиот регион.