Изградба на нов станбен објект во с.Бањица, Гостивар

 

Пелагонија АД Гостивар започна со реализација на уште еден во низата успешни проекти, изградба на нова станбена зграда во с.Бањица, Гостивар.

На вкупна површина од 5500 м2, зградата ќе има пет ката, приземје и поткровје. За изградба ќе се користат висококвалитетни и современи материјали, а во становите е предвидено да се вгради инверторски мултисплит систем како решение за греење и ладење.
Покрај станбените единици објектот ќе располага и со неколку деловни простории.

 

Изградба на нов станбен објект во с.Бањица, Гостивар