Site Overlay

Изведба

Пелагонија АД Гостивар како современа, високо технолошки опремена градежна компанија, подготвена да се носи со сите предизвици на модерната архитектура и на современите градежни оперативни зафати. Нашиот главен мотив и поттик за нови предизвици се градбите кои остануваат позади нас и плеjадата задоволни Клиенти, Корисници и Инвеститори.

Пелагонија АД Гостивар веќе е познато име на македонскиот градежен пазар, со голем број изведени работи во високо, ниско и хидро градбата – изградба на станбени здради и други објекти, пробивање, насипување, тампонирање и асфалтирање на патишта, градење на водоводи и голем број други градежни работи, на кои заеднички именител им е високиот квалитет и задоволството на инвеститорите.

Пелагонија АД Гостивар располага со високо квалитетен инжењерски кадар и работници со доста големо искуство во изградба на секаков вид на градби. Исто така Пелагонија АД Гостивар располага со сопствена модерна механизација согласно европските и светските стандарди.

Пелагонија АД Гостивар поседува Лиценца А за изведба на градби од прва категорија.