Прва приватна болница во Гостивар

 

Првата приватна болница во Гостивар полека го добива својот лик. Активно се работи на нејзина реализација, а се очекува да биде целосно завршена кон крајот на годината. Станува збор за нов модерен здравствен центар кој ќе располага со специјалистички ординации,амбуланти и лаборатории, а ќе биде еден од технолошки најсофистицираните кај нас. Во градот Гостивар направени се повеќе инвестиции, но оваа инвестиција е посебна, бидејќи за првпат во Гостивар и пошироко во регионот се гради приватен здравствен објект, кој ќе им служи на граѓаните на гостиварскиот регион, кои ќе немаат повеќе потреба за некои специфични здравствени услуги да одат во Скопје.