Site Overlay

Производство

За задоволување на потребите од градежни материјали за изградба на патна мрежа, станбена зграда и други потреби на градежната индустрија на територијата на полошкиот регион и пошироко, Пелагонија АД Гостивар располага со сопствен каменолом за експлотација на мермеризиран варовник во локалитетот “Краста” кој се карактеризира како површина со мермерасти варовници. Во самите мермерасти варовници по боја се издвојуваат 3 видови а варовници и тоа:

  • Розеникаво-црвенкасти;
  • Сиви и
  • Сиво-бели мермерасти варовници и мермери.

Во склоп на каменоломот Пелагонија АД Гостивар има сепарација за агрегат и асфалтна база во кои се врши ескавација на песок и чакал и со компјутеризирани постројки се произведува агрегат и асфалт. Единиците за производство на агрегат и асфалт се со највисоки-технолошки карактеристики и истите обезбедуваат квалитетно производство на готов агрегат и асфалтната мешавина вклучувајќи и соодветна лабораторија за контрола на квалитет на агрегатот и асфалтот.

Сепарацијата за агрегат ги произведува следниве агрегати:

  • Агрегати за производство на бетон и бетонски производи;
  • Агрегати за производство на битуменски мешавини и
  • Агрегати за неврзани и хидраулички врзани материјали (тампон).

Асфалтната база ги произведува следниве видови на асфалт:

  • Асфалт бетон АБ 8;
  • Асфалт бетон АБ 11;
  • Асфалт бетон АБ 11с;
  • Асфалт бетон АБ 16;
  • Асфалт бетон АБ 16с;
  • Битуменозен носечки слој БНС 22;
  • Битуменозен носечки слој БНС 22сА;
  • Битуменозен носечки слој БНС 32;
  • Битуменозен носечки слој БНС 32сА;
  • Битуменозен носечки абечки слој БНХС 16;
  • Скелетен асфалт(асфалтен мастикс) СМА 11 и
  • Скелетен асфалт(асфалтен мастикс) СМА 16.