Станбен објект “БАЊИЦА”

 

Пелагонија АД Гостивар е градежна компанија основана во 1974 година. Квалитетната изведба и работа на нашата компанија е поткрепена со примената на сертификатите ISO 9001:2008, ISO 14000, како и сертификатот OHSAS 18001 за заштита на здравјето и безбедност при работа.

Станбениот објект “Бањица” се наоѓа во н.м. Бањица одма до Основнотo училиште “Мустафа Кемал Ататурк” –  Бањица, лесно пристапен односно веднаш на главната улица, на оддалеченост од само 900 метри од центарот на Градот Гостивар.

Градската Болница, Градскиот парк, Градскиот Стадион, Градската Спортска Сала, Средните Општински Училишта (Гимназија, Економски и Медицина) се наоѓаат на оддалеченост од само 900 метри од Станбениот објект “Бањица”. Атрактивноста на локацијата на која се наоѓа Станбениот објект “Бањица” преку достапноста до мноштво јавни, културни и трговски објекти  се доволна причина токму тука да го пронајдете Вашиот дом.

Станбениот објект “Бањица” е со катност По+П+5+Пк и располага со 54 станови со квадратура од 48 м2 до 99 м2, 70 паркинг места и деловен простор од 503 м2 кој се наоѓа на приземје (П). Сите станови, паркинг места и деловни простории поседуваат лист за предбележување на градба издаден од страна на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија.

Сите вградени материјали во Станбениот објект “Бањица” се атестирани, со соодветни сертификати и се од реномирани домашни и странски производители. Во Станбениот објект “Бањица” ќе добиете дом за едноставен, смислен и исполнет начин на живот, кој би можеле да го наречете и ВАШ дом. Ова се трите главни карактеристики кои ги има Станбениот објект “Бањица”:

  • Уникатен
  • Современ
  • Квалитетен

 

КВАЛИТЕТ НА ГРАДБА

КОНСТРУКЦИЈА:

Армирано бетонска конструкција, фундирањето се изведува како темелна плоча, меѓуспратните плочи се со армиран бетон, последната плоча е рамна и над неа се поставува потребната термо и хидро изолација, кровот се изведува од дрвена конструкција и кровот изработен од пластифициран лим.

ФАСАДА:

Енергетска ефикасна фасада изработена од висококвалитетни сертифицирани материјали.

ЅИДОВИ:

Надворешните ѕидови се изведуваат од термо блок 20 см и термо изолација 10см. Помеѓу становите преградните ѕидови се акустично обезбедни и изведени од термо блок 20 см и камена волна 5 см и КНАУФ гипскартоснки плочи.

ПРОЗОРИ И ВРАТИ:

Надворешните фасадни прозори и врати по станови се изработуваат од 5 коморни ПВЦ термоизолирани профили и застаклени со термопан стакло 4 сезонско стакло 6+18+6 (Four season) со вградени ролетни на сите прозори и балконски врати.

Влезните врати во становите се висококвалитетни влезни врати (Блиндор врати) изработени од високо квалитетен челичен лим со сигурносна брава, вградени панели за топлниска и звучна изолација.

Главната влезна врата во гаражите е со електронско заклучување на влезната врата и контрола на пристап преку далечински модул за отворање/затворање на врата.

ПОДОВИ:

Термо изолација е поставена на сите катови и на кровот. Хидро изолација е поставена на WC-купатилата и балконите, каде што е предвидена керамика од Шпанско и Италијанско потекло. Во становите ќе се постави висококвалитетен германски ламинат класа 32. Во кујните е исто така предвидена керамика од Шпанско и Италијанско потекло.

Во ходниците за комуникација и скалишниот простор и на подестите се поставува природен гранит. Партерното уредување се изведува со потребна хидро изолација и асфалт со декоративни елементи за тротоарите.

САНИТАРНА ОПРЕМА:

Сите станови се опремени со комплетна санитарни елементи I-класа (WC-шоља, умивалник, кади или туш кади и славини и батерии).

ГРЕЕЊЕ:

Греењето е решено со комплетна припрема на инсталација за топловодно греење на сите можни видови на  енергенси.

ЛИФТ:

Патничкиот лифт е од познатиот производител на лифтови “FUJI“ со носивост од 1000 кг и ги поврзува сите етажи во објектот.

ПРИКЛУЧОЦИ:

Целиот објект е споен на градската инфраструктура: водовод и канализација, електрична инсталација, телефонска и интернет инсталација.

 

ТИПОВИ НА СТАНОВИ

  • Стан Тип 1 со вкупна површина од 48 м²
  • Стан Тип 2 со вкупна површина од 99 м²
  • Стан Тип 3 со вкупна површина од 51 м²
  • Стан Тип 4 со вкупна површина од 77 м²
  • Стан Тип 5 со вкупна површина од 58 м²
  • Стан Тип 6 со вкупна површина од 57 м²
  • Стан Тип 7 со вкупна површина од 72 м²
  • Стан Тип 8 со вкупна површина од 76 м²
  • Стан Тип 9 со вкупна површина од 71 м²

 

МОЖНОСТИ ЗА КУПУВАЊЕ НА СТАНОВИ

Можност за купување на стан преку станбен кредит одобрен од страна на комерцијалните банки и тоа:

  • Комерцијална Банка;
  • НЛБ Банка;
  • Халк Банка;
  • Шпаркасе Банка и
  • Охридска Банка

Можност за купување на стан преку исплата на истиот на неколку еднакви рати без камата во рок 2 (две) години од денот на склучувањето на договорот за купопродажба.

  • Пелагонија АД Гостивар нуди можност на купувачите за купување на стан преку исплата на истиот на максимум 4 (четири) еднакви рати без камата во рок од 2 (две) години од денот на склучување на договорот за купопродажба.

 

Чест ни е да бидете и вие дел од оваа урбана приказна!

Со почит,

ПЕЛАГОНИЈА А.Д. ГОСТИВАР

Тел. за контакт 075/470 008