Site Overlay

За нас

ПЕЛАГОНИЈА АД – Гостивар постои од 1974 година, како дел од системот на ГП “Пелагонија” Скопје, од кој се издвои во 1997-та и сега опстојува како самостоен правен субјект. Денес компанијата е акционерско друштво со повеќе од 80 вработени.

ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар долги години работи успешно, остварувајќи позитивни резултати, постојано инвестирајќи во развојот и во проширувањето на работните капацитети со нова опрема и нови градежни машини и возила. Компанијата веќе е познато име на македонскиот градежен пазар, со голем број изведени работи во високо, ниско и хидро градбата – изградба на станбени здради и други објекти, пробивање, насипување, тампонирање и асфалтирање на патишта, градење на водоводи и голем број други градежни работи, на кои заеднички именител им е високиот квалитет и задоволството на инвеститорите.

ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар располага со сопствена сепарација за песок и асфалтна база во кои се врши ескавација на песок и чакал и со компјутеризирани постројки се произведува асфалт. Единиците за производство на асфалт, обезбедуваат целосна услуга за асфалтната мешавина, преку траспорт со камиони, до нивно вградување со машини за асфалтирање – финишери, вклучувајќи и сопствена лабораторија за контрола на квалитет на песокот и асфалтот.

Квалитетна и навремена изградба на објектите, исполнувањето на барањата на инвеститорите и купувачите, се клучот за успехот на ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар. Компанијата располага со сертификат согласно барањата на стандардите ISO и тоа:

ISO 9001:2015 – Стандард за систем за управување со квалитет.

ISO 14001:2015 – Стандард за систем за управување со животната средина.

ISO 45001 : 2018 – Стандард за систем управување со здравје и безбедност при работа.