Од 1 август, со промотивни цени кои ќе важат цел месец и официјално започнува продажбата на станови во Станбено деловниот објект „Пелагонија Престиж“ во Гостивар.

Цената за метар квадратен во новиот комплекс во месец август ќе изнесува 850 евра со вклучен ДДВ.

Станува збор за современ и комплексен проект со катност (подрум-приземје-6 ката-поткровје со галерија), кој ќе содржи 113 станови:

 

  • Во подрумот со 3375 м2 површина има 99 паркинг места.
  • Во приземјето на 2000 м2 деловен простор со висина од 4.6м и можност за додатна галерија на 50% од површината. На останатите 1375 м2 површина се предвидени уште 23 паркинг места, приодна патека за влезови  и шеталиште. Деловниот простор може да се дели по потреба и барања од купувачите.
  • На секој кат 1-6 има по 15 стана или вкупно 90 стана со површина од 60 – 163 м2.
  • Поткровјето се дуплекс станови со галерија, 23 стана со површина од 100 – 225 м2.

Инвеститор на „Пелагонија Престиж“ е Пелагонија АД Гостивар од Гостивар. Изведбата на објектот е со запазување на сите законски прописи од областа на модерната градба, енергетска ефикасност, противпожарна заштита и сообраќајни услови, материјалите кои се користат се од највисок квалитет.

Друга значајна предност при изборот на недвижен имот во „Пелагонија Престиж“ е што при купување на станови купувачите за својот нов дом добиваат и соодветен гарантен рок од 24 месеци.

Right Menu Icon