Втор Македонски Конгрес за Патишта
3-4 Ноември 2022 год.
DoubleTree by Hilton Skopje
Blvd ASNOM 17, Skopje 1000

Втор Македонски конгрес за Патишта во чест на големиот јубилеј, 55 година од основање на Друштвото за патишта на Република Македонија. Во прилог на Конгресот е и големиот инвестициски циклус во патната инфраструктура кој се одвива во Република С. Македонија во висина од преку 1 милијарда евра, изразена преку изградба на автопати, неколку експресни патишта и повеќе регионални патишта.
Теми на претстојниот Втор Македонски конгрес за Патишта се:
- Планирање и проектирање
- Управување, изградба и одржување
- Безбедност на сообраќајот на патиштата
- Заштита на животната средина и одржлив развој
- Инфраструктурни објекти
- Транспортна политика и финансирање
- ITS и нови технологии во сообраќајот
- Слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти
