За Нас

phone icon 042216332

Пат долг повеќе од 40 години работа и постигнати цели.

ПЕЛАГОНИЈА АД – Гостивар постои од 1974 година, како дел од системот на ГП “Пелагонија” Скопје, од кој се издвои во 1997-та и сега опстојува како самостоен правен субјект. Денес компанијата е акционерско друштво со повеќе од 80 вработени.

ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар долги години работи успешно, остварувајќи позитивни резултати, постојано инвестирајќи во развојот и во проширувањето на работните капацитети со нова опрема и нови градежни машини и возила. Компанијата веќе е познато име на македонскиот градежен пазар, со голем број изведени работи во високо, ниско и хидро градбата – изградба на станбени здради и други објекти, пробивање, насипување,

тампонирање и асфалтирање на патишта, градење на водоводи и голем број други градежни работи, на кои заеднички именител им е високиот квалитет и задоволството на инвеститорите.

ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар располага со сопствена сепарација за песок и асфалтна база во кои се врши ескавација на песок и чакал и со компјутеризирани постројки се произведува асфалт. Единиците за производство на асфалт, обезбедуваат целосна услуга за асфалтната мешавина, преку траспорт со камиони, до нивно вградување со машини за асфалтирање – финишери, вклучувајќи и сопствена лабораторија за контрола на квалитет на песокот и асфалтот.

Квалитет Без Компромис

9

Одговорно Градежништво

Стручен тим од искусни архитекти и градежни инженери, изработуваат проектна документација (проекти), студии, анализи, експертизи и друга документација која е во согласност со стандардите, нормативите и прописите.

9

Најнова технолошка механизација

 Пелагонија АД Гостивар располага со сопствена модерна механизација согласно европските и светските стандарди.

9

Висококвалитетен надзор и управување во изградбата

Квалитетен инжењерски кадар и работници со големо искуство во изградба на секаков вид на градби од прва категорија.

Година на основање

Завршени проекти

Вработени

вработени во администрација

Квалитетна и навремена изградба на објектите, исполнувањето на барањата на инвеститорите и купувачите, се клучот за успехот на ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар.

Компанијата располага со сертификати согласно барањата на стандардите ISO и тоа:

ISO 9001:2015

Стандард за систем за управување со квалитет.

ISO 14001:2015

Стандард за систем за управување со животната средина.

ISO 45001:2018

Стандард за систем управување со здравје и безбедност при работа.