ПРИВАТНА БОЛНИЦА гОСТИВАР
Првата приватна болница во Гостивар полека го добива својот лик. Тимот на Пелагонија АД Гостивар активно работи на нејзина изградба, а се очекува да биде целосно завршена кон крајот на годината.
Овој нов и модерен здравствен центар ќе располага со специјалистички ординации, амбуланти и лаборатории, а ќе биде еден од технолошки најсофистицираните во Македонија.