Оглас за вработување

Оглас за вработување

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следниве работни места:

  • Асфалтерски работник;
  • Ракувачи со градежни машини;
  • Возачи на товарни моторни возила и
  • Градежни работници.

Сите заинтересирани кандидати е потребно да достават лична биографија (CV) во просториите на Пелагонија АД Гостивар (Бул. Браќа Ѓиноски ББ, II-кат, спроти Општина Гостивар) или на следнава е-маил адреса kontakt@pelagonijagv.com.mk.
Пелагонија АД Гостивар како компанија која повеќе од 40 години е присутна на пазарот во државата на нашите вработени им нуди динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Потпишан договор за изградба на нова општинска зграда во с.Ростуше

Потпишан договор за изградба на нова општинска зграда во с.Ростуше

На 18.04.2018 во просториите на општина Маврово и Ростуше се потпиша договорот помеѓу Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски и Генерланиот директор на ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар Александар Смилковски за изградба на нова Општинска зграда во с. Ростуше со изведувач ‘Конзорциум – ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар – Изградба Комерц Скопје’. Средствата за изградба на новата општинска зграда се обезбедени преку канцеларијата на Светска Банка МСИП при Министерство за Финансии на Р. Македонија и со учество и на општината.

Right Menu Icon