На 18.04.2018 во просториите на општина Маврово и Ростуше се потпиша договорот помеѓу Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски и Генерланиот директор на ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар Александар Смилковски за изградба на нова Општинска зграда во с. Ростуше со изведувач ‘Конзорциум – ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар – Изградба Комерц Скопје’. Средствата за изградба на новата општинска зграда се обезбедени преку канцеларијата на Светска Банка МСИП при Министерство за Финансии на Р. Македонија и со учество и на општината.